Десното крило Бојан Николовски, кое минатата сезона настапуваше за тимот на Аеродром, ќе го има првиот интернационален предизвик.
Тој потпиша за тимот на германскиот тим Манхајм Некарау, кој се натпреварува во пониските лиги.
Николовски потекнува од тимот на Ѓорче Петров, долги години играше за Пролет, Бутел Скопје, потоа беше дел од Металург 2, Скопје и Аеродром.
Последната сезона во составот на Аеродром беше меѓу најдобрите стрелци и меѓу најзаслужните што овој состав се избори за суперлигашки бараж.