Македонскиот репрезентативец Мартин Поповски и неговиот тим Амичитија Цирих обезбедија место во второто квалификациско коло во Лигата на Европа по триумфот со 32-23 над Горњик Забже.
Швајцарскиот претставник имаше висок пораз по првиот меч кај Горњик, 27-19, а на реваншот во Цирих на полувреме беше 14-13.
Работите одеа според планот за полскиот тим, бидејќи на петнаесетина минути до крај имаа нерешено, 19-19, но се чини почнаа прерано да слават.
Домашните со фантастична игра стигна до плус осум, 31-23, но да нема продолженија, се погрижи исландскиот бек Олафур Гудмунсон.
По истекот на времето, остана да се изведе уште ударот од девет метри, кој влезе во полска мрежа преку живиот ѕид и почна големото славје на швајцарскиот тим.
Мартин Поповски беше меѓу најдобрите актери во оваа убедлива победа и постигна три гола против Горњик Забже.