ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Стартува Суперлигата, Вардар и Еурофарм Пелистер ќе го водат орото

Денеска стартува македонската Суперлига, која оваа сезона ќе се игра во две групи со 16 екипи.

Вардар и Еурофарм Пелистер се првите фаворити, од позадина ќе демнат Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш и Охрид, тука е новиот суперлигаш Алкалоид, потоа Пролет…

Поради европските обврски на вториот битолски тим, како и настапот на првиот тим на Ф4 во СЕХА во Задар, нивните два меча од Суперлигата ќе се одиграат во среда.

Покрај нашата Суперлига, денеска стартува и Асобал лига, ќе се играат натпревари во Франција, Германија, во Лигата на Европа…

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

20:30 РАЈН НЕКАР – МЕЛСУНГЕН (ГЕРМАНИЈА)

16:00 БАРСЕЛОНА – ГРАНОЉЕРС (ШПАНИЈА)

17:30 ТОРЕЛАВЕГА – ХУЕСКА (ШПАНИЈА)

19:00 АНАИТАСУНА – ЧИСНЕ (ШПАНИЈА)

16:00 СИЛКЕБОРГ – КУЕНКА (ЛИГА НА ЕВРОПА)

17:00 КОНСТАНЦА – ШАМБЕРИ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

17:00 ТУРДА – САВЕХОФ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

19:00 АГУАШ САНТАШ – КОКС (ЛИГА НА ЕВРОПА)

19:00 ЛА РИОХА – ЛЕМГО (ЛИГА НА ЕВРОПА)

19:00 ТРИМО ТРЕБЊЕ – КРИСТИЈАНШТАД (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:00 ПСЖ – НАНТ (ТРОФЕЈ НА ШАМПИОНИ)

18:30 ПРИЛЕП – АЛКАЛОИД (МАКЕДОНИЈА)

18:30 ВАРДАР НЕГОТИНО – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)

19:00 БУТЕЛ СКОПЈЕ – ОХРИД (МАКЕДОНИЈА)

19:30 РАДОВИШ – ЈУНИОР КВ (МАКЕДОНИЈА)