Ракометната федерација на Македонија го предложи Драган Начевски за државната награда „8-ми Септември“ за животно дело. Предлогот веќе е испратен со надеж дека тој ќе ја добие како награда за неговиот досегашен придонес за Македонија на меѓународен план.
Начевски е дел од познатата судиска двојка Драган и Марјан Начевски, кои се првите што суделе на ЕП, СП и Олимписки игри. Сега е веќе делегат во ЕХФ и ИХФ, и веќе трет мандат е главен за судењето во ЕХФ, што само ја покажува неговата компетентност на тоа поле.