Завршниот турнир во СЕХА лигата ќе се одржи во периодот од 2 до 4 септември во хрватскиот град Задар, кој по третпат ќе биде домаќин на најдобрите екипи од ова натпреварување.
Како што е веќе познато, екипите на Веспрем, Загреб и Нексе обезбедија пласман на Ф4 турнирот во регионалното натпреварување.
Последниот патник на Ф4 турнирот во Задар ќе биде познат по натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест, кој ќе се одигра утре, со почеток од 20:15 часот во Битола.
Полуфиналните средби на Ф4 ќе се играат в петок на 2 септември, додека на 4 септември ќе се играат мечот за трето место и финалето.
Во првото полуфинале ќе играат двата најдобри клубови од Хрватска, Загреб и Нексе, додека во второто полуфинале Веспрем за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест.
СЕХА лига, Ф4, распоред на натпревари:
02.09 (петок)
18:00 часот, Загреб – Нексе
20:30 часот, Веспрем – Мешков Брест/Еурофарм Пелистер
04.09 (недела)
16:30 часот, натпревар за трето место
19:00 часот, финале