Филип Јиха останува на чело на Кил до 2026 година!

Поранешниот репрезентативец на Чешка, Филип Јиха, кој во текот на 2019 година го презеде кормилото на Кил, ќе остане тренер на „зебрите“ до 2026 година.

Раководството на еден од најдобрите клубови во Европа реши порано од предвиденото да го продолжи договорот со чешкиот стручњак.

Јиха со Кил имаше договор до следното лето, но поради добрите настапи, челниците на клубот целосно му ја дадоја довербата и го наградија со договор за уште три, односно четири сезони.

Екипата на Кил за три сезони под водство на Јиха двапати ја освои титулата во Бундеслигата, ја освои и Лигата на шампионите и Купот на Германија, како и две титули во германскиот Суперкуп.