ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Двобој на поранешни европски прваци во Струга, Еурофарм Пелистер по втор триумф

Денеска на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа, ќе се одиграат натпреварите од третиот ден на Струшкиот турнир.

Во битката за прво место во групата Б и за финале, ќе се соочат двата поранешни европски прваци – Вардар и Целје.

Во групата А ќе се играат два натпревари. Домаќинот Струга ќе игра против вицепрвакот на јужниот сосед АЕК Атина, додека Еурофарм Пелистер ќе брка втор триумф против словачкиот шампион Татран Прешов.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

17:15 СТРУГА – АЕК АТИНА (СТРУШКИ ТУРНИР)

19:00 ХЕЛСИНБОРГ – АЛИНГСАС (КУП НА ШВЕДСКА)

19:00 РИМБО – СКАНЕЛА (КУП НА ШВЕДСКА)

19:15 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТАТРАН ПРЕШОВ (СТРУШКИ ТУРНИР)

20:00 МАГДЕБУРГ – ШАМБЕРИ (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)

21:15 ЦЕЛЈЕ – ВАРДАР (СТРУШКИ ТУРНИР)