Селекцијата на Швајцарија ќе биде ривал на Македонија во борбата за трофејот на ЕХФ шампионатот во Летонија.
Швајцарците во полуфиналето славеа над домаќинот Летонија со убедливи 18 голови разлика, 40-22.
Првото полувреме не навестуваше таков расплет, бидејќи Швајцарија водеше само со три гола, 15-12.
Најдобар стрелец во швајцарската репрезентација беше десното крило Гино Стинартс со 13 гола, додека средниот бек Валентин Вилфесберг даде шест погодоци.
Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија се игра утре од 16:00 часот во „Олимписки Центар“ во Рига.