Тимот на Ваљадолид го одигра третиот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона во Асобал лигата.
Ваљадолид, кој е предводен од екс тренерот на Вардар, Давид Писонеро, а таму настапуваат Македонците Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски, загуби од Спортинг Лисабон со 35-28.
На овој натпревар најдобар стрелец во шпанскиот тим беше Димитриевски, кој постигна шест гола, а три од нив беа од пенал. Димитриоски стрелаше еднаш.
Ваљадолид претходно одигра два меча против Кањас и Торелавега, на кој забележа победа и пораз.