Машката кадетска репрезентација на Македонија имаше победнички старт на ЕХФ шампионатот во летнскиот град Рига. Избраниците на Раде Стојановиќ славeа против Турција со убедливи 34-19, а победникот беше најавен уште по првиот дел, кога беше 15-10.
Еден од јунаците на триумфот беше голманот Давид Брестовац, кој имаше фантастична партија на голот и беше прогласен за МВП на натпреварот.
Брестовац успеа да одбрани дури 18 удари на ривалите, и тоа со 52% успешност на одбранети топки. Другиот голман Иван Галевски, исто така беше на ниво и одбрани два пенали од трите што ги шутираа Турците.
Македонија утре игра против Косово од 13:00 часот, а со победа на овој натпревар ќе се пласира во полуфиналето на ЕХФ шампионатот и ќе може мирно да го чека третиот дуел од групата против Летонија.