Тимот на Тиквеш од Кавадарци, продолжува со комплетирањето на играчкиот кадар пред стартот на новата сезона.
Како што најави 24Ракомет, нов чувар на мрежата во кавадаречкиот клуб ќе биде црногорскиот репрезентативец Јагош Брауновиќ.
Црногорецот е долго време во Македонија, претходно бранеше за Вардар Јуниор, Пелистер и Охрид.
Марјан Велков е дете на Тиквеш, а по одличните партии минатата сезона, раководоството му понуди нов договор.
Претходно кавадарчани ги продолжија договорите со крилата Кондев, Коцев, Темелкоски и Лазов, пивотите Окардов и Стефановиќ, како и бековите Милков, Симиќ и Дрогришки, додека беше промовирано и првото засилување – левиот бек Арнад Хамзиќ.
Тиквеш ќе игра во групата Б во Суперлигата со Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Пролет, Радовиш, Јуниор Кисела Вода, Голден Арт и Скопје.