По пропуштената шанса за влез меѓу 8-те најдобри репрезентации на Светското првенство за кадетки, нашата репрезентација ќе разигрува за пласман од 9 до 12 место.
Прв ривал на избраничките на Љубомир Савевски во тоа разигрување е незгодната репрезентација на Германија, која во групната фаза оствари победа над Словачка и Швајцарија, додека во главната рунда славеше над Романија, а беше поразена од селекцијата на Холандија.
Доколку нашата репрезентација денес триумфира против Германија, тогаш ќе игра за 9. позиција на кадетскиот Мундијал. Противник на Македонија во борбата за деветтото место ќе биде селекцијата на Норвешка, а доколку Македонија биде поразена на денешниот натпревар, тогаш ќе се бори за 11. позиција со Хрватска.
Ракометарките на Македонија натпреварот со Германија ќе го одиграат денес во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 16:00 часот, а може да го гледате ТУКА и ТУКА.