Павлов се врати во Австрија, потпиша за тим предводен од некогашен македонски репрезентативец!

Довчерашниот ракометар на Прилеп, Хари Павлов ќе има нов интернационален предизвик, откако реши повторно да се врати во Австрија.

Младиот ракометар, кој има 19 години и кој настапува на десната бековска позиција, во наредните две сезони ќе го носи дресот на австрискиот суперлигаш Ферлах.

Павлов во изминатата сезона постигна 43 погодоци во дресот на Прилеп и беше прогласен за најдобар стрелец на Ф4 турнирот од младинскиот шампионат.

Пред да направи камбек во екипата на Прилеп пред две сезони, Павлов настапуваше за младинскиот тим на Фиверс од Австрија и има забележано настапи и за младинската репрезентација на Македонија.

Австриски Ферлах е предводен од некогашниот македонски репрезентативец, Ристо Арнаудовски, кој беше на списокот кога селектор беше Лино Червар.