Филип Лазаров го имаше првиот натпревар како прв тренер на некоја екипа и имаше победнички старт.
Македонецот седна на клупата на германскиот Интерактив Хендбол, или порано познат како Ратинген, а неговата екипа го одигра првиот пријателски натпревар.
Интерактив Хендбол славеше против составот на Волметал со 33-32, а до стартот на сезоната, Лазаров и неговиот тим го очекуваат уште серија тест натпревари.
Македонецот лани ја заврши играчката кариера токму во германскиот тим, а претходно играш за Овче Поле, Вардар, Металург и Пелистер, како и за унгарскиот Плер, романскиот Темишвар и турскиот Бешикташ.