Сенегал нема да пристигне на време, Македонија со службена победа на стартот на СП?!

Хаосот низ Европа и светот ова лето со авионските летови, со штрајковите на дел од авио компаниите, имаше ефект и на настаните на Светското првенство за кадетки во Скопје.

Откако селекцијата на Индија не пристигна навреме за првиот меч со Казахстан и го загуби со службени 10-0, со ист таков пораз се соочуваат и селекциите на Гвинеја и Сенегал, кој треба(ше) да биде ривал на Македонија во првото коло.

Според најавите тие требаше да пристигнат со утринскиот лет од Истанбул за Скопје, но тоа не се случи, па веројатно ќе треба да допатуваат со вечерниот лет од турскиот град околу 19:30 часот.

Јасно е дека нема да има доволно време да пристигнат двете селекции за дуелите со Македонија и Романија, па тоа значи дека ИХФ како и во првиот случај ќе додели службени победи.

Сепак настаните се менуваат од минута во минута, па за конечна потврда дали ќе се игра натпреварот меѓу Македонија и Сенегал ќе мора да почекаме до вечер.