Селекцијата на Летонија, која е домаќин на кадетскиот ЕХФ шампионат во Рига и ривал на Македонија, има богата агенда пред стартот на натпреварувањето.
Летонците ќе играат денеска и утре две пријателски средби против кадетската репрезеентација на Естонија.
Следната недела ќе бидат домаќини на турнир, на кој ќе играат против балтичките ривали Естонија и Литванија на 2 и 4 август. Селекторот на Летонците, Арнолдс Страуме, на располагање има 26 ракометари, од кои ќе ги бира оние што ќе настапат на ЕХФ шампионатот.
Македонија, исто така ќе има две проверки пред настапот на ЕХФ шампионатот, а вечерва и утре во Маврово ривал ни е нашиот јужен сосед.
Избраниците на Раде Стојановиќ во групната фаза ќе играат против домаќинот Летонија, Турција и Косово, а во другата група се Швајцарија, Белгија и Луксембург.
ЕХФ шампионатот стартува на 8 август и ќе трае до 15 август, а македонската селекција ќе одигра пет меча.