Тимот на Порто, каде што брани македонскиот голман Никола Митревски ќе биде дел од новото издание на Суперкупот на Португалија.
Португалскиот шампион во полуфиналето на ова дводневно натпреварување ќе се соочи со актуелниот освојувач на трофејот во Лигата на Европа, Бенфика.
Во второто полуфинале, составот на Спортинг Лисабон ќе игра против тимот на Белененсес и ќе има лесна задача да стигне до финалето.
Домаќинот на португалскиот Суперкуп ќе биде градот Серпа, а натпреварите ќе се играат на 10 и 11 септември. Минатата сезона Порто го освои трофејот.