Од октомври стартуваат квалификациите за Европското првенство 2024 година во Германија, а машката селекција на Македонија ќе се соочи со Турција, Луксембург и Португалија.
Квалификациите ќе ги почнеме со Луксембург на домашен терен, на 12 или 13 октомври, додека вториот меч, Македонија ќе го игра на гостински терен кај Турција на 16 октомври во градот Ван.
Помалку изненадува изборот на турската федерација за одигрување на квалификациски меч во град каде што ракометот не е популарен. Домашните натпревари селекцијата на Турција, барем оние во последно време, најчесто ги играше во Ескишехир.
Сепак и покрај тоа што ќе биде патувањето ќе биде малку подолго, македонските репрезентативци се големи фаворити и би требало со две победи во октомври да го стартуваат новиот квалификациски циклус за ЕП 2024 година.