Битолската легенда кажа КРАЈ: Васко Димитровски ја заврши кариерата!

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 за следната ќе остане без искусното трио – Благојче Трајкоски Милан Ѓукиќ и Васко Димитровски. Првите двајца ќе имаат нови клубови, додека Димитровски реши да стави крај на богатата кариера.

39-годишниот кружен напаѓач прекинува со активното играње на 39 години и по 27 сезони дружба со ракометот.

Битолчанецот кој потекнува од Еурофарм Пелистер, практично цела кариера ја мина во матичниот клуб, со исклучок на една сезона која ја мина во тимот на Вардар во еден од мандатите на Веселин Вујовиќ (2012/2013).

Димитровски кратко играше за Прилеп и Охрид, а една полусезона мина и на меѓународна сцена. Пивотот настапуваше за унгарскиот Егер Естерхажи и прикажуваше одлични партии, во сезоната 2015/2016.

Сепак реши тогаш да се врати во Битола, каде што остана до крајот на кариерата. Последната сезона му помогна на младиот тим да избори место во Лигата на Европа. Во неговата кариера девет пати играше во европските купови, осум со битолскиот клуб и еднаш со Вардар. Своевремено одигра неколку натпревари и репрезентацијата на Македонија.