Трета задача добија арбитрите од Македонија, Ненад Николовски и Исмаил Металари, на Европското првенство за младинци што се одржува во Португалија.
По одлично сработените два натпревари од прелиминарната рунда, сега Николовски и Металари ќе судат натпревар од главната рунда.
Станува збор за пресметката меѓу домаќинот Португалија и Данска, која е дерби на денот и се очекува да биде многу интересена, а започнува од 20:30 часот.
Драган Начевски ќе биде делегат на две средби што се играат денеска. Дуелите меѓу Црна Гора и Исланд и меѓу Шпанија и Унгарија.