Со одигрувањето на натпреварите од последното, трето коло од групната фаза на Светсткото првенство за младинки во Словенија, познати се сите патници за главната рунда.
Меѓу нив се 12 европски селекции – Словенија, Германија, Норвешка, Франција, Црна Гора, Шведска, Холандија, Данска, Чешка, Унгарија, Хрватска и Австрија.
Изненадување имаше од африканските селекции, бидејќи три од четири минаа во главна рунда – Египет, Ангола и Тунис.
16 селекции во оваа фаза ги комплетира единствениот претствник на Азија – Јапонија, додека трето и четвртопласираните селекции во групите, ќе играат во Президент Купот.
Натпреварите од главната рунда започнуваат веќе утре.