Трикратниот освојувач на трофејот во Лигата на шампионите, Лудовик Фабрегас има договор со Барселона до летото во 2023 година и најмалку уште една година ќе остане во Шпанија.
Тој беше поврзуван со трансфер во Веспрем откако ќе му истече договорот со шпанскиот клуб, но во изјава за „Мундо депортиво“ Французинот истакна дека јавноста не треба да брза со неговата преселба.
„Единствено што може да кажам е дека имам договор со Барса до 2023 година. Од кога пристигнав во Барселона сум премногу задоволен. Има денови кои се потешки од другите, но во животот на спортистот тоа е вообичаено. Моето семејство е среќно тука, а јас сум голем фан на Барса уште во раното детство благодарение на баба ми и дедо ми. Постои можност да останам во Барселона и по истекот на договорот. Сè уште не знам ништо за иднината, тоа зависи од повеќе факторит како што е должината на договорот. Дефинитивно ќе бидам играч на Барса до летото во 2023 година, а потоа ќе видам што ќе се случи“, рече Фабрегас за „Мундо депортиво!“
Фабрегас е челен на Барса од 2018 година и после пет години претстој големи се шансите да остане во најтрофејниот европски клуб и да пропаднат најавите за трансфер во Веспрем.