Еден од големите надежи на данскиот ракомет, Томас Арнолдсен, ќе биде новиот ракометар во редовите на вицешампионот на Данска, Алборг, пренесува данската телевизија „Спорт ТВ2“.
20-годишниот ракометар, кој беше на мета на најголемите клубови од Данска, oдлучил кариерата да ја продолжи во Алборг, но од следното лето, односно од јуни, 2023 година.
Арнолдсен, моментално, настапува за составот на Скандерборг Архус и со овој клуб има договор на уште една сезона. Во текот на утрешниот ден, раководството на Алборг треба да го претстави младиот ракометар како официјално засилување за сезона 2023/24.
Ланската сезона, Арнолдсен беше меѓу најдобрите стрелци во данскиот шампионат, постигна 153 погодоци и зад своето име запиша 143 асистенции, со што си обезбеди повик во сениорската репрезентација на Данска.
Покрај Арнолдсен, во големиот проект на Алборг за сезона 2023/24 ќе пристигнат уште двајца репрезентативци на Данска – кружниот напаѓач, Симон Халп од Фленсбург и еден од најдобрите голмани на светот, Никлас Ландин од Кил.