Тимот на Охрид продолжува со формирањето на ростерот за следната сезона во Суперлигата во која амбициите ќе бидат големи.
Најновите две имиња во охридскиот состав се голманот Виктор Василевски и средниот бек Стефан Бошкоски.
Василевски е поранешен кадетски и младински репрезентативец на Македонија и доаѓа од Голден Арт, додека Бошкоски доаѓа од прволигашот Јехона каде беше еден од најдобрите стрелци.
Претходно Охрид го донесе тренерот Горан Андоновски и ги продолжи договорите со Крсте Андоновски, Наум Костов, Иван Тасески и Кристијан Димитриески.
Тимот се засили со Тоше Ончев, Владимир Бојаниќ, Хазеин Рустамов, Зураб Цинцадзе, Даниел Андоновски и Никола Грубиќ, а деновиве треба да бидат промовирани уште нови имиња.