Екипата на Охрид по назначувањето на Горан Андоновски како нов тренер на сениорскиот тим, денеска откри кои два тренери ќе работат со пионерите, кадетите и младинците на тимот.
Тоа ќе бидат Александра Џамтоска – Сани и Наум Бабачев, кои ќе имаат сериозна задача во пронаоѓањето на новите таленти на клубот.
Александра Џамтоска ќе ги води пионерите на Охрид генерација 2008 и помали. Џатмоска во својата играчка кариера беше младински, но и сениорски репрезентативец на Македонија.
На клупско ниво го носеше дресот на Кале Кичево, Кабран Амбалажа, Скопје, Вардар и Кометал Ѓорче Петров. Своето знаење и искуство од 2013 година им ги пренесува на играчите од нејзината ракометна школа, Сани 14.
Кадетите и младинците на Охрид ќе бидат предводени од некогашниот член на клубот, Наум Бабачев, кој ќе работи со генерацијата 2006 и помали, односно генерацијата 2008 и помали. Бабачев како тренер во младинските категории на Охрид работи повеќе од девет години.