Селекторот на Грција го одбра составот со кој ќе се спротивстави на Македонија на МИ

Репрезентацијата на Грција ќе настапи на Медитеранските игри и ќе биде еден од проптивниците на Македонија во групната фаза.

Селекторот на Грција, Пилалидис Георгијадис го одбра составот кој ќе го поведе на натпреварувањето во Алжир.

СОСТАВ НА ГРЦИЈА 

Александридис (Пилаја), Анастасиу (Дукас), Аслис (Дукас), Геруланос (Дукас), Дикаиулиас (АЕК), Коционис (АЕК), Киријакидис (Филипос Веројас), Бабацнидис (Пилаја), Пагиаку (Дуку), Папаџанис (Филипос Веројас), Папзоглу (ПАОК), Сина (Драма 86), Стефаницис (Дукас), Цорцинис (ПАОК), Тоскас (Драма 86).

Селекторот на Грција одбра и четири резерви додека е потребно да се дополни тимот, тоа се: Даиос (Аеропос), Кукулас (Олимпијакос), Василиу (АЕК), Статис (АЕК).

Медитеранските игри на кои ќе учествуваат 26 репрезентации ќе се одржат во периодот 25. јуни до 6. јули 2022 година во градот Оран во Алжир.