Репрезентативецот на Полска, Патрик Валчак, кој мина две сезони во „црвено-црниот“ дрес, во следната сезона ќе има нов предизвик, ќе настапува за португалската екипа Спортинг од Лисабон.
Кружниот напаѓач преку социјалната мрежа Фејсбук упати благодарност до екипата на Вардар за прекрасните моменти кои ги имаше во шампионот на Македонија, со кој освои две шампионски титули во домашниот шампионат и два Куп трофеи.
,,Ти благодарам Вардар, ти благодарам Скопје, ти благодарам Македонија……Беше навистина прекрасно. Овие 2 години беа чест за мене, јас никогаш нема да ги заборавам луѓето со кои работев и сѐ што научив благодарение на нив. Ви благодарам на сите”, напиша Валчак на Фејсбук.
Искусниот ракометар кариерата ја започна во Гдањск, а настапуваше и за Погон Шчечин и Келце. Од Келце една сезона беше позајмен на францускиот Маси од каде што замина за Либек од Германија. Од Либек во текот на 2020 година пристигна во редовите на Вардар.