Еурофарм Пелистер со ручек на клупската управа, двете суперлигашки екипи и академијата на клубот ја заврши натпреварувачката сезона 2021/22.
На присутните им се обрати претседателот Зоран Стерјев и челниците на двата клуба. Ракометарите кои го напуштаат семејството Еурофарм Пелистер добија пригодни подароци – уметнички дела со мотиви од градот Битола.
Од втората екипа заминуваат Милан Ѓукиќ и Благојче Трајкоски, додека од првата екипа покрај тренерот Жељко Бабиќ, заминуваат уште девет ракометари.
Тоа се Стипе Мандалиниќ, Мартон Секељ, Матео Мараш, Никола Маркоски, Јосип Божиќ Павлетиќ, Реине Табоада, Елмир Граџан, Јосип Периќ и Немања Обрадовиќ.