Ракометерките на Мец се шампиони на Франција откако во финалниот двомеч беа подобри од Брест Бретањ со вкупни 49:48. На реваншот на домашен терен Мец славеше 25:22 што беше доволно за титула.
На првиот натпревар ракометарките на Брест остварија победа од 26:24, но се покажа дека двата гола предност не се доволни. Во првиот дел гостите добро се држеа и имаа нерешено што потполно им одговараше.
После првите 30 минути беше 11:11. Во второто полувреме предноста на Мец се движеше од едн до три гола. Брест се враќаше на нерешено неколкупати но Бруна Де Паула во финишот реализираше за конечен триумф на Мец.
Најефикасна на натпреварот за Мец беше Орлан Канор со шест гола, додека четири постигна Де Паула. Во тимот на Брест најпрецизна беше Џени Карлсон со шест гола, а пет постигна Алисија Тублан.