Ракометарите на Вардар в четврток ќе го одиграат последниот натпревар од суперлигашкиот плеј-оф против Тиквеш.
Натпреварот против кавадарчани ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:00 часот, а „црвено-црните“ со триумф ќе ја потврдат титулата.
Најголемиот дел од работата го завршија со триумфот во Битола кај Еурофарм Пелистер, па требаше само со три победи до крај да ја одбранат титулата.
Избраниците на Давид Дејвис славеа над Еурофарм Пелистер 2 и Бутел Скопје, па им остана само уште мечот со Тиквеш за да може да почне прославата.