Минатата недела во Виена се одржа конгрес на судии претставници од европските ракометни федерации. На овој настан се разговарало за повеќе теми и надминување на одредени проблеми поврзани со судиите.
Координаторот на судиската програма на ЕХФ, Јорго Бебецос за официјалниот сајт на ЕХФ ги истакна резултатите од конгресот нагласувајќи дека бил многу продуктивен.
Претставниците на сите ракометни федерации се изјасниле дека поддржуваат користење на ВАР системот во домашните првенства. Ова произлегува од новите правила и разговарано е во кои ситуации ќе се користи технологијата.
Новитет кај судиите кои ќе судат натпреварувања организирани од ИХФ е тоа што ќе треба да одат на психолошка обука пред големите турнири. Ваков метод веќе долго време го користи ЕХФ.
Покрај ова, претставниците на Спортрадар зборувале за тоа кои се знаците на местење натпревари и како можат судиите да го препознаат и спречат тоа.