Ракометната федерација на Македонија пред стартот на финалниот натпревар во женска конкуренција меѓу Металург и Ѓорче Петров, додели две благодарници.
Една беше за битолчанецот Јован Василев, кој 46 години е во ракометот. 22 како активен ракометен судија, а потоа и како делегат, од кои беше пет години и на европско ниво.
Василев покрај судиската и делегатската кариера, беше и претседател на женскиот ракометен клуб Пелистер од Битола.
Покрај за Василев, имаше благодарница и за организаторот на завршните турнири кај мажите и жените, Тиквеш од Кавадарци.