Ѓукиќ: Секој натпревар против младите битолчани е тежок за играње!

Екипата на Вардар во првото полуфинале од Купот на Македонија дојде до победа против дебитантот на годинешната завршница, Еурофарм Пелистер 2, со четири гола разлика, 24:28 (11:13)

Вардарци со освоената победа обезбедија пласман во финалето, кое е закажано за в недела. Еден од подобрите ракометари кај „црвено-црните“ беше српскиот репрезентативец, Дарко Ѓукиќ, кој имаше пофални зборови за Еурофарм Пелистер 2 и истакна дека во финалето неговиот тим оди на победа и освојување на Куп титулата.

,,Еурофарм Пелистер 2 е еден млад тим, секоја чест за тоа како играат во текот на целата сезона. Секој натпревар против нив е тежок за играње и Еурофарм Пелистер 2 е најмногу мотивиран кога игра против Вардар. Секоја чест за младите момци од Битола, цела сезона покажаа квалитет, искрено честитки. Ние, денеска не бевме комплетни, но дадовме сѐ од себе. Нормално дека секогаш се крие некоја тактика, но овој натпревар на некој начин беше подготовка за финалето в недела. Одиме на победа и во финалето бидејќи Вардар на секој натпревар оди на победа”, изјави Ѓукиќ.

Ривал на Вардар во борбата кон одбраната на трофејот во Купот на Македонија ќе биде победникот од дуелот меѓу Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер.

Вардар го мина Еурофарм Пелистер 2, ќе се бори за трофејот во Купот на Македонија!