Натпреварот од финалето од тунискиот Куп помеѓу екипите на Есперанса де Тунис и Африкан, бил прекинат по само 10 минути игра откако дошло до инциденти на теренот меѓу играчите, како и на трибините каде што биле фрлени проектили меѓу ривалските навивачи во спортската сала Радес, која се наоѓа во предрградието на градот Тунис.
Судиите морале да го прекинат натпреварот во 10 минута, а полицијата употребила солзавец за да ја евакуира салата и да не дозволи поголемо насилство на трибините.
Според информациите од африканските медиуми, четворица навивачи кои страдале од изгореници биле хоспитализирани во најблиската болница во Тунис, вклучително и едно лице, кое било во тешка состојба.
По овој немил настан, се очекува соопштение од ракометната федерација на Тунис која сигурно ќе донесе ригорозни казни за двата тимови. Дел од инцидентот може да го погледнете на видеото во продолжение.
Bagarre entre les deux équipes ! !#ESTCA 🤾♂️ pic.twitter.com/lioHm0yaZ7
— Espérance Time (@EsperanceTime_) May 11, 2022