Во првенството на Шпанија за жени иако има уште три кола до крај веќе е познат новиот шампион, а тоа е екипата на Бера Бера која ја одбрани титулата од претхондата година.
Во 23. коло кое се играше изминатиот викенд, Бера Бера на домашен терен го совлада тимот Ла Калцада со 35:22, кој во тој момент беше на третата позиција и беше еден од главните конкуренти на старо-новиот шампион.
Бера Бера ја освојува титулата во првенството на Шпанија за жени третпат по ред, а осми пат во последните десет години со што ја продолжува својата доминација.
Борбата за втората позиција во последните три кола ќе биде неизвесна бидејќи три тима се во игра. Бера Бера е недостижна со 43 бода, на второт место е Малага со 34, трета е екипата на Ла Калцада со 33 бода и натпревар повеќе, а исто така во игра е и Рокас со 31 бод.