Македонија Ѓорче Петров која е на третата позиција славеше против Борец со 33:31 на домашен терен и ја зголеми предноста во однос на Борец кој е четврти на девет бода, со тоа што тимот од Велес има натпревар помалку.
Неизвесно и ефикасно се играше од самиот почеток, двете екипи ги реализираа своите напади, првата кратка серија ја направија домаќините кога поведоа со 9:6, но гостите од Борец возвратија на ист начин и не дозволија домаќинот да оди на поголема разлика. Ефикасната игра продолжи во текот на целото прво полувреме па после првите 30 минути видовме дури 38 голови, Маќедонија Ѓорче Петров водеше со 20:18.
Не се промени многу и во второто полувреме, продолжија и двете екипи да погодуваат, па се влезе во неизвесна завршница. Во последните десет минути Борец водеше со 29:30. Творец на пресвртот беше голманот Дејан Трајановски, кој одбрани три шута во овој период.
Одлучувачкиот момент во кој Македонија Ѓорче Петров го реши натпреварот се случи во завршницата кога при резултат 32:31 за домаќините ракометарите на Борец не реализираа напад, а на спротивната страната погоди Јаневски Дарко. Тука веќе беше јасно дека бодовите од оваа средба остануваат во Ѓорче.
Со по седум гола во редовите на победничкиот тим најефикасни беа Александар Ѓорѓиевски и Божиновски Војислав, додека на спротивната страна Лазар Стојанов постигна 11 гола.