Голманот на Аеродром, Марко Богдановски, имаше фантастична партија во дуелот со Работнички, во натпревар од 6. коло од плеј-оф фазата од Првата машка лига, и со вкупно 15 одбрани за 40 минути беше најзаслужен за победата на неговиот тим од 33:30.
Богдановски го откажа Работнички во моментите кога се кршеше резултатот, бранеше зицери, пенали, но внимателно ја следеше и секоја акција на неговите соиграчи.
Аеродром во една ситуација не успеа да организира напад и му овозможи на Работнички да има позиција за контра.
Богдановски се најде на противничката половина, ја спречи контрата, одлучи да тргне кон голот на противникот и успешно асистираше кон неговиот колега Бојан Николовски, кој без проблем постигна гол во мрежата на Работнички.
Целата ситуација може да ја погледнете на видеото во продолжение.
Богдановски и Николовски го водеа Аеродром до триумф против Работнички