Аеродром кој е на шестата позиција стигна до победа против последнопласираниот тим во Плеј-офот од Првата лига екипата на Работнички.
Гостите добро го започнаа натпреварот отворија преку Илија Димов, а Аеродром изедначи преку Иван Митревски. Следните минути му припаднаа на Работнички кој во тој период беше подобриот тим на теренот. Со неколку кратки серии од кои најдолгата беше 0:4 Работнички стигна до предност од шест гола разлика, која беше и највисоката која ја имаа на натпреварот (7:13).
Тогаш на голот на Аеродром застана Марко Богдановски кој веднаш започна да собира одбрани на до крајот на полувремето предноста на Работнички се „стопи“ 17:19.
Таа добра игра Аеродром ја пренесе и во второто полувреме и набрзо го преземе водството со 21:20. Последните 15 минути од натпреварот донесоа игра во која или беше изедначено или Аеродром водеше со два-три гола разлика. Во последните пет минути Аеродром водеше со 29:26.
Не се предаваше Работнички па на минута до крајот се доближи на 31:29. Тогаш стратегот на Аеродром го искористи правото на тајм-аут. Тој тајм-аут се покажа како вистински извор затоа што домаќините го реализираа нападот и веќе беше јасно дека Работнички нема шанси.
Николовски Бојан беше најрасположениот кај Аеродром со 12 постигнати гола, седум постигна Илија Пејковски. На спротивната страна седум гола постигна Стефан Чакалиќ, по пет гола постигна Димиевски Давид, Илија Димов и Ѓорѓи Дука. Мора да се истакне и настапот на Богдановски кој за 40 минути поминати на теренот собра 15 одбрани.