Женската репрезентација на Македонија ги доби ривалите за претстојното Европско првенство што ќе се игра во нашата земја, Словенија и Црна Гора.
Македонија ќе биде домаќин на групата Ц. Од вториот шешир нашата селекција за ривал ја доби Холандија, светскиот првак од 2019 година.
Од последниот шешир, Македонија ја доби најлошата опција – Романија, додека од првиот шешир, избраничките на Љубомир Савевски ја „извлекоа“ Франција.
Сите три селекции што ги добивме за ривали имаат освојувано трофеи на големите натпреварувања, а беа и светски шампиони.
Европско првенство, жени:
група А (Љубљана): Унгарија, Хрватска, Швајцарија, Норвешка
група Б (Целје): Словенија, Шведска, Србија, Данска
група Ц (Скопје): Македонија, Холандија, Романија, Франција
група Д (Подгорица): Црна Гора, Германија, Шпанија, Полска
Во главната рунда продолжуваат селекциите што ќе се пласираат на првите три места. Европското првенство ќе се одржи од 4 до 20 ноември, а натпреварите во Скопје ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“.