Фаворитите ПСЖ и Нант се избегнаа на денешната ждрепка за полуфиналната фаза на Купот на Франција.
ПСЖ на Раул Гонзалез за пласман во натпреварот за титула ќе се борат против Тулуз, а тимот на Кирил Лазаров ќе се соочи со Шартр.
ПОЛУФИНАЛЕ:
Шартр – Нант
ПСЖ – Тулуз
Финалето е предвидено за 11 јуни во „Париз Берси“. Бранител на титулата од минатата сезона е тимот на ПСЖ.