Ракометарот од Партизан Гевгелија, Ѓорѓе Банцалиски, повторно имаше свое шоу на ракометните терени, овој пат во Младинската лига против Младост во Богданци, постигна дури 21 гол во мрежата на противникот, сепак, неговиот труд не беше доволен за победа на неговиот тим.
Младост беше домаќин на Партизан во рамки од 8. коло од Младинската лига во групата Г и успеа да оствари убедлив триумф од осум гола разлика, 42:34.
Во натпреварот, на кој беа постигнати вкупно 76 гола, избраниците на Никола Роглев константно беа во водство, на полувреме имаа плус четири гола разлика, 20:16, додека во вторите 30 минути со поубедлива игра успеаја да триумфираат против нивните врсници од Гевгелија.
Победата на домаќинот остана во сенка поради ефикасната партија на Ѓорѓе Банцалиски, кој освен 21 гол, имаше и неколку асистенции кон неговите соиграчи. Во таборот на Младост, Стојан Наумовски, беше најдобар стрелец со 14 гола.
Несекојдневна партија – сите 20 гола на Банцалиски против Текстилец (ВИДЕО)