Несекојдневна партија – сите 20 гола на Банцалиски против Текстилец (ВИДЕО)

 

Минатото коло од плеј-аут фазата во Првата машка лига го одбележа ракометарот на Партизан, Ѓорѓе Банцалиски, кој во мрежата на Текстилец постигна 20 гола, кои беа недоволни за победа на неговиот тим. Освен што реализираше, Банцалиски имаше и неколку асистенции кон неговите соиграчи. Банцалиски на вчерашниот натпревар против Македонија ЃП повторно имаше свое шоу на терен, беше стрелец на 13 погодоци, а на пет одиграни натпревари во плеј-аут фазата има постигнато дури 58 гола во мрежата на противниците, или 11,6 гола по натпревар. Неговата феноменална партија против Текстилец може да ја погледнете на видеото во продолжение....