Тимот на Анже каде што настапува македонскиот интернациионалец Кристијан Анастасовски, забележа важен триумф во Втората лига на Франција.
Анже на домашен терен беше подобар од Валанс со 35-32, откако и на полувреме имаше предност од два гола, 16-14.
Македонскиот кружен напаѓач на овој натпревар погоди два пати од двата обиди и му помогна на Анже во битката за опстанок.
Сега Анже има 11 бода на последното 16 место, а има да се играат уште четири меча. Валанс, кој се наоѓа на 14 место што носи опстанок има 16 бодови.