Женската репрезентација на Украина го одигра првиот натпревар во квалификациите за ЕП 2022 по случувањата на тој дел од Европа и конфликтот со Русија.
Украинските репрезентативки при интонирањето на химната пред натпреварот со Хрватска, не можеа да ги запрат солзите и емоциите.
Украина беше домаќин во австрискиот град Грац и на мечот против Хрватска беше поразена со 19-26.
Сепак и покрај поразот остануваат уште шанси за место на континенталниот собир, ако победат на гостувањето кај Франција, која веќе е пласирана ЕП и на двете заостанати средби со Чешка, но ќе чекаат и Хрватска да загуби од Чешка.