Дамите ги стартуваа подготвките – ги чека двомеч со светски и европски шампион

Женската ракометна репрезентација во денес ги стартува подготовките во ЕХФ неделата која ќе трае до 24. април. Во рамки од Евро Купот избраничките на Љубомир Савевски ќе одиграат два натпревари против силната селекција на Норвешка.

Норвешка е една од најсилните женски селекции, европски и светски шампион. За натпреварот со Македонија нема сметаат на своите најдобри ракометарки, меѓутоа тоа е земја која сигурно има огромен квалитет.

Првиот натпревар го играме на домашен терен во четврток од 19:30 часот, додека вториот во кој ќе гостуваме на Норвешка е закажан за во недела од 16:00 часот.

Од повиканите ракометарки на списокот на Савевски, Марија Штериова се враќа од повреда на напрснување на мускул, па под знак прашалник е во каква форма пристигнува на собирот. Елена Ѓорѓиевска полека се враќа на терените и би требало да биде подготвена за финишот на сезоната со романскиот тим Магура, за овој двомеч сепак остана надвор од комбинација.

СПИСОКОТ ЗА ДВОМЕЧОТ: