Еден од ракометарите кои со репрезентацијата на Македонија го освои 5. место на Европското првенство во Србија (2012), Филип Лазаров, присуствуваше на вчерашниот натпревар меѓу Македонија и Чешка, натпревар, кој заврши со среќен крај за неговите поранешни репрезентативни колеги.
Филип Лазаров во најголемиот дел од својата репрезентативна кариера кога со македонската репрезентација настапуваше на големите натпреварување, често беше цимер со неговиот имењак, Филип Миркуловски.
Натпреварот со Чешка беше последен за популарниот „Жути“, кој реши да се повлечи од националниот дрес. Веднаш после завршувањето на натпреварот, Лазаров направи селфи со веќе „новиот пензионер“ и му се заблагодари за постигнатото во националниот тим.
Македонија слави осмо учество на СП, Чешка падна во скопската драма!