Машката сениорска репрезентација на Македонија се пласира на Светското првенство 2023, кое ќе се одржи во Шведска и Полска, откако во реванш натпреварот против Чешка дојде до победа од 27:25.
Поранешниот репрезентативец на Македонија, Наумче Мојсовски, кој сега е директор на Агенцијата за млади и спорт, преку социјалните мрежи упати честитка за одличната игра на македонската репрезентација и обезбеденото учество на Мундијалот.
„Браво за нашите македонски ракометари! Извонредна игра со која Македонија ја носат на светско првенство! Ова е огромен успех за сите!Тимска работа, посветеност и љубов“, напиша Мојсовски.
Македонија слави осмо учество на СП, Чешка падна во скопската драма!