Стојанче Стоилов после денешниот натпревар против Чешка објави крај на репрезентативната кариера.
Ако за Миркуловски беше познато од пред натпреварот Стоилов ја изненади македонската јавност, а одлуката ја донел затоа што верува дека има кој да го замени.
„Да не мислев дека можат без мене немаше да се откажам. Не сакам да им ги зимам минутите на Светско. Знам дека сум потребен, но за некои работи можеби и ги гушам. Мислам дека е време за ваков потег и да биде таа смена на генерации конечна, да биде без нас, да се ослободат од нас… Во иднина не се гледам како тренер. Со Вардар имам уште една година ќе видам каква ќе биде ситуацијата таму. Од 2008 јас не сум имал одмор, премногу е напорно и на тренинг и натпревари, потребен ми е одмор“.
Стоилов беше дел од националниот тим на сите големи настани од СП 2009 па наваму.