Покрај Филип Миркуловски денес последен натпревар во репрезентацијата беше и за Стојанче Стоилов кој по мечот потврди дека се простува од репрезентативниот дрес.
Причината поради која Стоилов става крај на кариерата е неговите проблеми со здравјето.
„Сакам да најавам крај на репрезентативната крај, ми беше чест да бидам овие 15 години тука, со гордост го носев овој дрес. Има многу имиња што треба да се набројат. Ќе почнам од Киро, за мене секогаш ќе биде капитенот, фала ти за се што направивме и не направивме. Жути исто тука, го остави здравјето тука. Тоа е и причината за мојата одлука, не сум здрав, едноставно телото не ми издржува. Фала на цела македонска јавност ми беше чест“, изјави Стоилов.
Тој ќе се посвети само на клупските настапи во Вардар, а во дресот на Македонија настапуваше од Светското првенство во 2009 година.