Деспина немаше шанси, вардарки со убедлива победа се враќаат од Прилеп

ЖРК Вардар без проблеми забележа победа во плеј-офот од Женската Суперлига против Деспина со 16:28.

На самиот старт гостинските ракометари започнаа да го покажуваат својот квалитет и поведоа со 0:5. Деспина својот прв гол на натпреварот го постигна дури во 12. Минута преку Риплиоска Елена.

Ништо не се менуваше и во продолжение, гостите од минута во минута ја зголемуваа својата предност, наабрзо таа предност беше и двоцифрена, а на полувреме заминаа со 7:17.

Победникот веќе беше решен па на ракометараките на Деспина им остануваше само колку што можат да се изборат за по пристоен пораз. На крајот вардарки славеа победа со 12 гола разлика.

Во победата на Вардар најефикасни беа Катерина Дамјановска со осум гола и Ивона Трпевска со седум. Кај Деспина по три гола постигнаа Евгенија Цаневска, Михаела Петреска и Риплиоска Елеена.